Вкупно 13 лица на возраст од 18 до 46 години биле лишени од слобода на различни локации во Скопје, Прилеп, Демир Капија, Боговиње и Штип, откако кај нив биле пронајдени марихуана, прашкасти и грутчести материи, таблети и предмети со прашкаста содржина, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Акциите биле спроведени на 30 и 31 октомври годинава.
Во Скопје биле лишени од слобода осум лица на возраст од 18 до 46 години, како и едно лице од населбата Илинден. Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и бела грутчеста материја.
Во Прилеп, затворската полиција при преглед на осудено лице пронашла прашкаста материја, повеќе таблети во различни бои и предмети со прашкаста содржина.
Во селото Боговиње бил приведен 44-годишен жител на селото Пирок, кај кого била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во полициска станица.
Во Демир Капија, полицијата привела 29-годишен жител на селото Корешница, кај кого при преглед биле пронајдени бела прашкаста материја и таблета. За случајот бил известен јавен обвинител.
Во Штип, пак, бил лишен од слобода 26-годишен скопјанец, откако полициските службеници забележале дека користи марихуана. Тој го фрлил отпушокот, кој бил пронајден и одземен од полицијата.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.