Шпанскиот фудбалер Ламин Јамал објави порака на Инстаграм по тешката железничка несреќа во централна Шпанија, во која, според досегашните информации, загинаа најмалку 68 лица, а десетици се повредени.
Младиот фудбалер на Барселона сподели кратка порака со поддршка за семејствата на жртвите и за сите погодени од оваа трагедија.
„Изразувам сочувство и поддршка до сите семејства на жртвите и до сите погодени од трагедијата во Урда. Испраќам сила до сите во овие тешки моменти. ❤️“ – напиша тој на Инстаграм.
Тешката несреќа се случи утрово, околу 8:53 часот наутро, во близина на градот Урда во провинцијата Толедо. Брз воз на шпанската државна компанија „Ренфе“ (Renfe), кој сообраќаше од Мадрид кон Севиља, се судри со друг брз воз, управуван од приватната компанија „Ирио“ (Iryo), кој стоел на пругата.
Во судирот загинаа најмалку 68 лица, а десетици се повредени. Според регионалните власти, 53 повредени лица моментално се наоѓаат во болница, од кои 15 се здобиле со сериозни повреди. Спасувачките служби продолжуваат со пребарување на уништените вагони, па бројот на жртвите може да се зголеми.
Од силината на ударот, неколку вагони излетале од шините и се превртеле по насипот. На местото на настанот пристигнаа бројни екипи на итните служби, а железничкиот сообраќај на линијата помеѓу Мадрид и Андалузија е во прекин.
Шпанскиот министер за транспорт, Оскар Пуенте, изјави дека пред судирот дошло до дефект на безбедносниот систем, поради што возовите на тој дел од пругата застанале.
🚨 Imágenes de las labores de rescate de los efectivos del #GREIM y de #SeguridadCiudadana y de la evacuación de uno de los heridos por parte del #ServicioAéreo al Hospital 12 de Octubre.
🚔 Además de las unidades destacadas anteriormente, se han desplegado sobre el terreno cuatro #OMAC (Oficinas Móviles de Atención a la Ciudadanía), el #ServicioCinológico y el #ServicioDeMontaña
— Guardia Civil (@guardiacivil) October 28, 2026
Потоа, контролниот центар му дал дозвола на возот на „Ренфе“ да продолжи со движење, иако на пругата сè уште светело црвено светло. Возот продолжил да се движи и, 17 минути подоцна, се судрил со друг воз што стоел на шините.
Пуенте ја опиша одлуката да му се дозволи на возот да продолжи како необјаснива, но нагласи дека околностите на несреќата сè уште се предмет на истрага. Според него, машиновозачите не се одговорни за судирот.