THE FUNDING ROOM: PITCH EDITION – простор каде добрата идеја станува подобар pitch


THE FUNDING ROOM_ Pitch edition_Covers
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 5 ноември 2026 година, од 14:00 до 16:00 часот, во INNOFEIT EDIH во Скопје ќе се одржи THE FUNDING ROOM: PITCH EDITION – практичен настан наменет за стартапи, мали и средни бизнис и и претприемачи кои сакаат подобро да ја претстават својата бизнис-идеја пред потенцијални инвеститори, партнери и извори на финансирање.

Добрата бизнис-идеја е само почеток. За да биде разбрана, запаметена и препознаена како можност, таа треба да биде претставена јасно, концизно и убедливо.


Токму тоа е целта на THE FUNDING ROOM: PITCH EDITION – да создаде практична средина во која учесниците ќе можат да ја презентираат својата идеја, производ, услуга или бизнис пред искусни бизнис-ментори и да добијат директен фидбек пред да се најдат во реален разговор со инвеститор.

Настанот не е натпревар и не претставува гаранција за инвестиција. Наместо тоа, фокусот е на подготовката: учесниците да откријат што во нивниот pitch функционира, што е нејасно, кои информации недостигаат и како својата приказна можат да ја направат пократка, појасна и поубедлива.

Во текот на сесијата, менторите ќе поставуваат директни и релевантни прашања поврзани со проблемот што бизнисот го решава, понуденото решение, целната група, вредноста на производот или услугата и бизнис-моделот. Целта не е да се оцени дали една идеја е „добра“ или „лоша“, туку секој учесник да добие конкретни насоки што може веднаш да ги примени во својата презентација.

THE FUNDING ROOM: PITCH EDITION е отворен за стартапи, мали и средни компании, претприемачи и тимови со бизнис-идеја во развој, како и за постојни компании што развиваат нов производ, услуга или бизнис-линија.

Повикот не е ограничен на конкретна индустрија. Може да се пријават бизниси и идеи од технологија, производство, услуги, креативни индустрии, трговија, здравство, зелени решенија и други области.

Не е потребен совршено подготвен pitch. Потребни се идеја или бизнис со потенцијал, желба за развој и подготвеност за конструктивен фидбек.

Учесниците ќе имаат можност да го тестираат својот pitch во живо, да добијат директен фидбек од искусни ментори, да ја погледнат својата идеја од нова перспектива и подобро да се подготват за идни разговори со инвеститори, партнери и извори на финансирање.

Добра идеја. Подобар pitch.

Кажи ја идејата. Добиј фидбек. Подобри ја. Потоа оди пред инвеститор.

ПРИЈАВИ ЈА ТВОЈАТА ИДЕЈА ТУКА.

Датум: 5 ноември 2026

Време: 14:00–16:00 часот

Локација: INNOFEIT EDIH, Скопје

За кого: стартапи, мали и средни бизниси и тимови со бизнис-идеи во развој

Индустрија: без ограничување

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK