Пејачката Били Ајлиш одлучи драстично да го промени својот изглед, а резултатите ги сподели на социјалните мрежи. Судејќи според коментарите, таа остави многумина без зборови.
Позната по својата долга, кафеава коса што ѝ го врамува лицето, пејачката Били Ајлиш се одлучи за драматична промена на својот имиџ.
На Инстаграм – каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и професионален живот – таа го откри својот нов стил, со што многумина ги изненади.
View this post on Instagram
Таа сподели видео кое предизвика лавина реакции и коментари од обожавателите; на него се гледа пејачката во автомобил, каде што ја покажува својата нова фризура. Таа ја скратила долгата коса, одлучувајќи се за шик фризура која моментално е омилена меѓу оние што ги диктираат трендовите.
Станува збор за модерен „боб“ кој на уникатен начин ги истакнува нејзините убави црти на лицето и впечатливите сини очи.
View this post on Instagram
Обожавателите на познатата пејачка беа воодушевени од нејзината одлука и го исполнија делот за коментари со позитивни реакции за нејзиниот нов изглед.
„Совршено“, „Изгледаш прекрасно“ и „Новата фризура совршено ти стои“ беа само дел од коментарите…