Студентите во Србија предупредуваат на можно собирање поддржувачи на СНС по 21 часот


policija-srbija-blokadi-epa1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Студентите во блокада предупредија дека владејачката Српска напредна странка (СНС) планира по 21 часот да ги мобилизира своите поддржувачи и да ги изведе на улиците по објавувањето на изборните резултати, јавува Н1.


Според информациите со кои располагаат студентите, собирањето би се одржало вечерва, по затворањето на избирачките места и објавувањето на резултатите од изборите во Србија.

Студентите истовремено ги повикаа граѓаните што ги поддржуваат да избегнуваат судири, нереди и какво било насилство.

Засега нема независна потврда дека СНС навистина организира вакво собирање.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK