Времето викендов: променливо облачно со повремен дожд, во недела врнежите ќе бидат пообилни


lisja-esen-dozd-nasha1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен и пообилен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени.


Во Скопје, променливо облачно, попладне ќе има повремен дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до средината на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во недела наместа врнежите ќе бидат пообилни над 20 l/m². Локално процесите ќе бидат во форма на невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.

Од понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе биде во опаѓање. Во вторник под влијание на постуден бран врнежите на некои од повисоките планини ќе преминат во снег.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK