Изложба „20 години архива на независна културна сцена“ од Наташа Гелева-Лени во Скопје


cover_leni_02.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 14 октомври во 20 часот во Културно-информативниот Центар (КИЦ) ќе биде отворена изложбата на фотографката Наташа Гелева – Лени, именувана „20 години архива на независна културна сцена“ каде што ќе може да се види дел од селекцијата вметната во монографијата „20 години архива на независна културна сцена“ во издание на „Илика“.


Монографијата, пак, низ разговор помеѓу уметницата Наташа Гелева-Лени, кураторот Владимир Јанчевски и уредничката Катерина Шекутковска ќе биде посебно промотивно претставена пред публика на 20 октомври во 19 часот, исто така во просториите на КИЦ. Изложбата ќе биде отворена за посетители помеѓу 14 и 28 октомври.

Во воведниот текст на монографијата, кураторот Владимир Јанчевски вели: „Во свет каде што културната амнезиjа е алгоритамски поттикната низ претрупувачката силина на бранот, фотографиите на Гелева делуваат како места на отпор: го забавуваат времето и создаваат еден многу природен континуитет. Тие сугерираат дека културната мемориjа не е изградена од големи наративи, туку од мали, упорни чинови на гледање и паметење. Документираjќи jа често занемарената сцена со внимание, во контекстот во коjшто се создава, таа повторно jа бара фотографиjата не како спектакл, туку како разговор – меѓу луѓето, помеѓу минатото и иднината, помеѓу она што се гледа и она што треба да се доживее и да се преживее.“

Изложбата и монографијата „20 години архива на независна културна сцена“ на Наташа Гелева – Лени се создадени од тим кој ја вклучува самата уметница, уредниците на „Илика“, кураторот Владимир Јанчевски, дизајнерите Ема Велковска, Марија Смилевска и Оливер Илиевски.

„20 години архива на независна културна сцена“ е активност поддржана во рамки на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Хартефакт Фонд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK