Отчет на пратеничката група на ЗНАМ: Мандатот не е привилегија, туку обврска, а довербата не се оправдува со зборови, туку со работа и резултати


znam-parlamentarna-grupa.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денес прави отчет за првите две години од својот парламентарен мандат.


„По две години парламентарен мандат излегуваме пред граѓаните со јасна порака: мандатот не е привилегија, туку обврска, а довербата не се оправдува со зборови, туку со работа и резултати.

Во Собранието ЗНАМ не влезе за да биде статист, туку за активно да учествува во креирањето на политиките и одлуките што ја определуваат иднината на државата“, велат од ЗНАМ.

„ЗНАМ не е само коректор на власта. ЗНАМ е креатор на политики.

Нашата цел од самиот почеток беше програмата за која граѓаните гласаа да стане дел од владините политики и да се претвори во конкретни институционални решенија.

Тоа е нашиот принцип на политичко дејствување: иницијатива, аргументи, институционална работа и резултати.

Не веруваме во политика на слепо следење, но ниту во политика на деструкција.

Веруваме во одговорност кон граѓаните и резултати во интерес на државата.

ЗНАМ се залага за фер политичка конкуренција, еднакви услови за сите политички субјекти и демократски изборен систем, вклучително и една изборна единица со изборен праг од 2 до 3 проценти.

За нас тоа не е партиски интерес. Тоа е прашање на демократскиот капацитет на Македонија.

Нашата политика е јасна: Повеќе работа – помалку политичка бучава. Повеќе одговорност – помалку изговори. Повеќе резултати – помалку политички театар.

Довербата се добива на избори. Но, довербата се оправдува со дела.

ЗНАМ продолжува да работи за Македонија во која политиката не се мери според тоа колку ветува, туку според тоа колку испорачува“, се наведува во соопштението на ЗНАМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK