Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека се надева дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ја разбере пораката дека не успева да ја заплаши Алијансата.
По посетата на Првиот германско-холандски корпус стациониран во германскиот град Минстер, Руте им се заблагодари на Германија и Холандија за зголемувањето на трошоците за одбрана на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц и холандскиот премиер Роб Јетен, објавува „Гардијан“.
„Се надевам дека Путин ќе ја разбере пораката. Не страдаат само Украинците. Цела Русија плаќа огромна цена за војната што ја избра. Секој месец, Путин испраќа десетици илјади млади Руси во смрт и тоа за ништо. Тој не е успешен на бојното поле и не успева да нè заплаши“, рече Руте.