Победата на италијанската репрезентација против Турција (4:1) во Лигата на нации донесе необичен историски момент за Азуре – браќата Франческо Пио и Себастијано Еспозито станаа првиот тандем кои играа заедно во дресот на Италија од 2000 година и познатите браќа Филипо Пипо и Симоне Инзаги.
Влегувањето на браќата Еспозито на теренот во понеделник во Бурса го означи почетокот на нова ера за италијанскиот фудбал, а воедно и оживување на голема семејна традиција во националниот тим.
Себастијано Еспозито, 24-годишен играч на Каљари и неговиот три години помлад брат, Франческо Пио, член на Интер, го повторија подвигот што последен пат го постигнаа легендарните Филипо и Симоне Инзаги во 2000 година.
Пред нив, дресот со националниот грб на Италија го делеа и други големи фудбалски династии, како што се познатиот Франко Барези и неговиот брат Џузепе.
Во понеделник, Себастијано Еспозито го имаше своето деби во селекцијата, додека помалдиот Пио го одигра 11-от натпревар во националниот тим.
раќата Еспозито ги запишаа своите имиња во историјата на италијанскиот фудбал, потврдувајќи дека талентот во нивното семејство има долга и блескава традиција.
Интересно е што нивниот најстар брат, 25-годишниот Салваторе Еспозито, го имаше своето деби за националниот тим уште во 2022 година против Англија, но потоа никогаш повеќе не го облече националниот дрес.
Салваторе моментално игра во Серија Б за некогаш големата Сампдорија.