Лавров: Европа води војна против Русија


Depositphotos_287420968_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека европските земји, со снабдувањето на Украина со оружје, водат војна против Русија.


„Ако признавате дека вашето оружје се користи против нас и дека ние го соборуваме, наречете го како сакате, но за мене нема сомнение дека ова е војна што Европа ја води против нас“, рече Лавров.

Тој најави и нови разговори со американскиот државен секретар Марко Рубио, наведувајќи дека експертите треба да ги договорат датумот и местото на средбата. Како едно од отворените прашања меѓу Москва и Вашингтон го посочи враќањето на руската дипломатска сопственост запленета од САД.

Лавров се осврна и на неодамнешната средба со германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул на маргините на Генералното собрание на ОН. Вадефул претходно изјави дека средбата била поттикната од безбедносните тензии и потребата да се разговара за последиците од војната во Украина и за извозот преку Црното Море.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK