71-годишник со мопед удрил во паркиран „пасат“ во Кичево: со тешки повреди однесен во болница


moped.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 10:15 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на улицата „Рудничка“ во Кичево, 71-годишниот А.Ѓ. од селото Другово, управувајќи мопед со кичевски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило „пасат“ со кичевски регистарски ознаки, претходно управувано од 57-годишниот Ш.И. од кичевското село Зајас.


Притоа, возачот на мопедот, за кој е утврдено дека немал возачка дозвола, се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево.

Увид на местото на незгодата изврши екипа од ОВР Кичево.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK