Командантот на бригадата на Хамас за северниот дел од Појасот Газа е убиен во израелски напад врз градот Газа во текот на ноќта, објавија палестинските медиуми и израелските претставници.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Израел Кац во заедничка изјава изјавија дека Издин ал-Бик бил цел на напад од страна на израелската армија (ИДФ), обвинувајќи го командантот на бригадата за северниот дел од Газа за учество во организирање напади врз израелските сили и регрутирање нови терористи.
„Ќе продолжиме да ги ловиме и прогонуваме сите терористи на таа организација, од командантите до последниот оперативец, каде и да се кријат, сè додека Хамас не исчезне од Газа“, се вели во соопштението, пренесува „Тајмс оф Израел“, додавајќи дека ИДФ сè уште не дале соопштение по овој повод.
Според палестинските медиуми, Ал-Бик е убиен во напад врз стан во населбата Ал-Наср во градот Газа.