Хајди Клум го помина летото облечена во многу малку облека, а ако мислевте дека ќе го „смири“ стилот за есента, сте згрешиле…
Познатата германска манекенка Хајди Клум е позната по своите уникатни и смели модни избори, но за неодамнешното излегување со сопругот Том Каулиц, таа се одлучи за традиционален изглед: баварска носија со симпатичен, разигран дезен.
Хајди (53) и Том беа фотографирани на Октоберфест во Минхен, каде што уживаа во празничната атмосфера и носеа традиционална облека.
Манекенката носеше син „дирндл“ фустан со црвени детали, сатенски чевли на потпетица во истата боја и бели очила за сонце во ретро стил.
View this post on Instagram
Сепак, во духот на препознатливиот стил на Хајди, не изостана ниту смелиот момент. Горниот дел од фустанот беше екстремно тесен, додека белата чипкана блуза имаше длабоко деколте што ги истакнуваше нејзините облини наместо целосно да ги покрива.
View this post on Instagram
Контроверзната германска ѕвезда ја искористи можноста да објави провокативно видео на интернет.
View this post on Instagram
Во видеото споделено на социјалните мрежи, Хајди покажа дел од подготовките и откри со какви потешкотии се соочила додека се обидувала правилно да го стегне горниот дел од фустанот. Во еден момент, фустанот дури изгледаше и премногу мал, но Хајди сепак успеа да ги „скроти“ своите гради. „Том навистина има среќа“, „Зошто ова?“, „Дали навистина мораше ова да се објави?“, „Жешка си, но претеруваш“, „Жена од соништата“, „Тука сум ако ти треба помош“ – беа само дел од коментарите.