Ферати: Гласна поддршка и спортско ривалство да – омраза и етнички и верски навреди не


ferati-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за односи меѓу заедниците Агон Ферати денеска одржа средба со претставници на Министерството за внатрешни работи, Министерството за спорт, ОБСЕ, ФФМ, фудбалските и кошаркарските клубови, како и со претставници на навивачките групи на албанските и македонските клубови.


На средбата опширно се разговараше за состојбите и предизвиците на спортските терени и во спортските сали, со посебен акцент на безбедноста, непреченото одржување на натпреварите и потребата од спречување на инциденти, тензии и навреди врз етничка и верска основа. Министерот Ферати ја истакна потребата од континуирана соработка меѓу институциите, федерациите, клубовите и навивачите, со цел стадионите и спортските сали да бидат места на спортско ривалство, почит и позитивни емоции.

„Можеме да бидеме ривали за време на натпреварот, но по неговото завршување сите се враќаме во истото општество. Силно навивање, гласна поддршка и спортско ривалство да – омраза и етнички и верски навреди не“, истакна Ферати, нагласувајќи дека оваа средба треба да биде чекор кон конкретни решенија и зајакнување на соработката за создавање побезбедна и попочитувана атмосфера во спортот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK