Калас: ЕУ има големи празнини во своите одбранбени капацитети


depositphotos_666783302_s.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека на состанокот на Советот на ЕУ за надворешни работи во формат на министри за одбрана, ќе се дискутира за извештајот за одбранбената подготвеност на Унијата, поддршката за Украина и ситуацијата на Блискиот Исток.


Во пресрет на состанокот, Калас изјави дека Управниот одбор на Европската агенција за одбрана ќе го разгледа извештајот на ЕУ за одбранбената подготвеност, кој го побараа европските лидери.

Направивме многу. Инвестициите во одбраната се зголемија, но во исто време имаме големи празнини во одбранбените капацитети, а сега треба да се фокусираме на тоа како да ги пополниме“, рече Калас.

Во соопштението за медиумите на Европската служба за надворешни работи (EEAS) се наведува дека една од темите ќе биде поддршката за Украина, за која Калас нагласи дека има итна потреба од противвоздушна одбрана.

Таа повторно ги повика земјите што имаат соодветни системи на залиха да ги предадат на Украина, додека нивните залихи подоцна ќе бидат надополнети со новопроизведени ракети за системите „Патриот“.

Калас, исто така, изјави дека Европскиот фонд за мир (EPF) е деблокиран, како и дека една милијарда евра се наменети за заедничка набавка.

На состанокот ќе се разговара и за ситуацијата на Блискиот Исток, особено за поморските операции на ЕУ во регионот.

„Ја имаме операцијата ASPIDES, но навистина бара повеќе поморски средства за да биде оперативна. Потребата е поголема од кога било досега. Имаме многу барања за придружба на бродови, но ни требаат поморски средства што можат да го сторат тоа“, рече Калас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK