Хана Хуљиќ и Петар Грашо со години уживаат во хармоничен брак во кој добија две деца. Иако се многу познати, деталите од нивниот приватен живот речиси никогаш не излегуваат во јавноста.
Хана Хуљиќ Грашо не сака премногу да зборува за себе и за своето семејство во јавноста, но во интервју за „ИН Магазин“ откри некои детали од врската со сопругот Петар Грашо, како и тоа како изгледа нивниот обичен семеен ден.
View this post on Instagram
Хана и Петар во бракот добија две деца, ќерката Алба и синот Тони, а и покрај сите обврски, познатиот пејач сепак наоѓа време за своето семејство.
„Тој толку многу ја сака својата работа и едноставно живее за неа. Никогаш не сум побарала од него да престане да биде тоа што е, а времето што го поминува дома, во споредба со тоа колку всушност би требало да биде отсутен, е навистина фасцинантно“, рече таа.
View this post on Instagram
Таа исто така откри дека Грашо често се враќа дома веднаш по настапот за да помине што е можно повеќе време со неа и со децата.
„По концертот во Словенија, тој тргнува дома во еден часот по полноќ, а пристигнува во четири или пет наутро за да може да биде со нас следниот ден, бидејќи задутре повторно патува некаде. Тој е толку посветен. Доаѓа дома, готви ручек, подготвува вечера и продолжува да работи, а сето тоа нему му изгледа лесно“, вели Хана.
Таа се присети и на моментот кога сфатиле дека меѓу нив се родила љубов по пријателството, но и на долгите врски што ги оставиле зад себе пред тоа.
View this post on Instagram
„Се сеќавам на тој момент бидејќи се случи обострано, и тоа во моментот кога и двајцата ги завршивме нашите долгогодишни врски. Тоа беше момент на спознание што не сакавме да си го признаеме самите на себе и сè беше прилично чудно. Всушност, сè ни беше чудно, а дури денес гледам колку всушност било потребно за сè да биде токму така“, рече Хана.
За време на разговорот, Хана откри и дали планираат проширување на семејството. Таа вели дека со две деца се чувствува целосно исполнето како мајка и дека моментално не планира трето дете, но не ја исклучува таа можност.
View this post on Instagram
„Сега сум целосно остварена како мајка и сметам дека две деца се сосема доволни, особено кога гледам колку се неверојатно енергични – не знам како моето тело би издржало уште толку енергија. Но, мислам дека, ако се случи, секако – нека се случи. Ако остане вака… всушност, токму тоа и го планирав, па ќе видиме дали моите планови се остварија.“