Ирците ги наведнаа главите на химната на Израел, не се ракуваа, а потоа им ја затрупаа мрежата


screenshot-2026-09-27-230046.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Република Ирска го победи Израел со 3:0 во Дебрецен во натпревар од Лигата на нации, а прашањето за победникот практично беше решено по 25 минути игра.


По поразот во воведните натпревари, двете селекции во Унгарија бараа начин да го подобрат впечатокот во натпреварот кој за малку не се одигра поради конфликтот на Блискиот Исток.

На крајот, Ирците решија да настапат, но исто така јасно ставија до знаење на чија страна се. За време на интонирањето на националната химна на Израел, ги наведнаа главите, а двајцата капитени не се ракуваа пред почетокот на натпреварот.

„Зелените“ поведоа во 14-та минута. Џејмс Абанква ја врати топката до Трој Парот, а напаѓачот на Бетис го совлада Перец.

Само две минути подоцна, Израел повторно капитулираше. Џек Мојлан брилијантно го проигра Адам Ајдахо, кој излезе сам пред Перец и рутински ја заврши акцијата за големи 2:0.

Ирска продолжи да ја контролира играта, а третиот гол дојде во 25-та минута. Мојлан ја провлече топката низ одбраната на Израел, влезе во шеснаесетникот и постигна гол со десната нога за 3:0.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK