Иран: Имаме ново оружје и „изненадувања“ за секој потенцијален противник


Depositphotos_627122810_S.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иран располага со нови воени технологии и е подготвен на евентуална агресија да одговори со понапредно оружје, изјави портпаролот на иранските вооружени сили, генерал Аболфазл Шекарчи, пренесе иранската агенција Тасним.


Шекарчи рече дека иранската армија има „изненадувања“ за потенцијалниот противник и дека нејзините капацитети денес се значително поголеми отколку на почетокот на Иранско-ирачката војна.

„Со новите воени технологии ќе одговориме на евентуална агресија“, рече Шекарчи, додавајќи дека иранските ракети и беспилотни летала станале „понапредни и помоќни“.

Тој наведе дека Иран за време на војната со Ирак започнал да развива сопствена ракетна индустрија, а по Исламската револуција ја променил одбранбената доктрина и поголемо значење ѝ дал на асиметричната војна.

Иранскиот генерал оцени дека секој што би сметал на слаба отпорност на Иран би направил погрешна проценка, тврдејќи дека иранските вооружени сили се „во многу добра состојба“.

Шекарчи повтори и дека контролата врз Ормускиот Теснец е во рацете на Иран, предупредувајќи дека бродовите кои би се обиделе да пловат поинаку „нема да бидат безбедни“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK