УЈП ќе разменува искуства со Унгарија за дигитализација и наплата на даноците


ujp-vo-ungarija-memorandum-2-2.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Делегација на Управата за јавни приходи, предводена од директорката на УЈП, Елена Петрова, беше во работна посета на Унгарија, со цел унапредување на институционалната соработка и размена на искуства со даночната администрација на Унгарија.


Во рамки на посетата, директорката на Управата за јавни приходи, Петрова, и директорката на Националната управа за даноци и царина на Унгарија, Моника Рожен Шат, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува основа за продлабочување на соработката и континуирана размена на знаења, искуства и добри практики во повеќе области од даночната сфера.

Соработката опфаќа размена на искуства во областа на ИТ-системите и применетите апликации, предпополнетите даночни пријави за личен доход, онлајн фискалните каси и електронските системи за фактурирање, како и поддршката на даночните обврзници преку поедноставување на административните постапки.

Посебно внимание ќе биде посветено и на примената на бихејвиорални анализи во процесите на наплата на даноците, унапредувањето на клиентската ориентираност и современите пристапи за управување со усогласеноста на даночните обврзници. Меморандумот предвидува и размена на искуства во областа на методите и начините на анализа на ризик, професионалниот развој и обуката на вработените, конкретни даночни прашања, како и имплементацијата на директивите на Европската Унија поврзани со даночните администрации.

Во текот на работната посета, делегациите разменија искуства и информации за современите начини на работа и дигиталните решенија во даночната администрација, со фокус на унапредување на ефикасноста на институционалните процеси и квалитетот на услугите за даночните обврзници. Потпишувањето на Меморандумот претставува значаен чекор кон продлабочување на институционалната соработка и воспоставување континуирана размена на знаења, искуства и добри практики меѓу даночните администрации на Македонија и Унгарија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK