Општина Карпош: Целта е поддршката на лицата со попреченост да не биде повремена, туку континуирана, организирана и насочена кон решенија


sredba-lukrovski-rebeka-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, оствари средба со претседателот на Здружението „РАСТ“, Александар Петровски, и претседателката на Здружението „Дајте ни крилја“, Ребека Јанковска-Ристески, на која се разговараше за секојдневните потреби на лицата со попреченост и нивните семејства.


„Меѓу конкретните иницијативи беа можноста за обезбедување заеднички простор за работа на три здруженија, возило за превоз на деца од дневниот центар до училиште, дом или определен пункт, како и подготовка на стратегија и план за континуирана поддршка во рамки на можностите и надлежностите на Општината.

На средбата беше истакната и потребата од отворање дополнителен дневен центар, како и од создавање услови за самостојно живеење на лицата со попреченост. Ваквите разговори се важни затоа што зад секоја иницијатива стои конкретна потреба, семејство и секојдневен предизвик.

Целта е поддршката да не биде повремена, туку континуирана, организирана и насочена кон решенија што реално можат да го олеснат животот на лицата со попреченост и нивните семејства!“, велат од Општина Карпош.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK