(Видео) Адвокатот на Американката што ги уби своите деца бара истрага за поротникот што не беше за нејзино ослободување


sudija-depositphotos_29295119_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Адвокатот на Линдзи Кланси, мајка од Масачусетс обвинета за убиство на своите три деца, побара од судијата да спроведе истрага за еден од поротниците. Постапката против Кланси заврши без донесена пресуда претходно овој месец, бидејќи поротата не успеа да постигне едногласна одлука, што предизвика жестоки несогласувања, пренесува Би-би-си.


Адвокатот Кевин Редингтон бара судот да испита како еден поротник, идентификуван како „поротник X“, користел мобилен телефон за време на дискусиите и изнесувањето докази. Во поднесокот доставен во петокот, Редингтон побара пристап до евиденцијата за повици и текстуални пораки од тој телефон во периодот од 08:00 до 16:30 часот, во сите денови кога се одвивало дискусијата. Тој исто така побара преглед на одговорите што поротникот ги дал во прашалниците за време на процесот на избор на поротата. Во посебно барање, Редингтон побара целосно отфрлање на обвинението. Обвинителите сè уште немаат изјавено дали ќе бараат повторно судење.

Кланси не негираше дека ги убила своите деца – петгодишната Кора, тригодишниот Досон и осуммесечниот Калан – во семејниот дом. Нејзините адвокати тврдеа дека таа не е виновна поради ментална неурамнотеженост, наведувајќи дека страдала од постпородилна психоза.

Адвокатот на поротникот: Апсурдно
Од друга страна, обвинителите тврдеа дека Кланси смислено го испратила сопругот надвор од дома за да заврши некои обврски, со цел да може да ги задави децата додека тој е отсутен. По судењето, неколку поротници потврдија дека гласањето било 11 спрема 1 во корист на одлуката дека Кланси не е кривично одговорна.

Единствениот поротник кој сметал дека Кланси е виновна бил Мајкл Десронвил. Тој ангажирал адвокат по судењето поради острите критики со кои се соочил. Неговиот адвокат, Едвард Палцик, го нарече најновото барање на одбраната апсурден напад врз клиент кој само ја извршувал својата граѓанска должност.

„Ако стане нормално поротниците да се соочуваат со брутална одмазда поради несогласување со адвокатите на одбраната, можеме да се простиме од Шестиот амандман“, напиша Палцик на Икс, мислејќи на уставното право на правично судење.

Минатата недела, Десронвил повтори дека нема апсолутно никаков сомнеж во нејзината вина. „Додека се обидував да објаснам разни теории за време на дискусијата, постојано ме прекинуваа, како да ги доведувам во прашање изнесените докази“, изјави тој за CBS News.

Претседателот на поротата, пензиониран наставник, во интервју за NBC изјави дека Десронвил признал оти постои разумен сомнеж во врска со вината на Линдзи Кланси, но сепак одбил да ја прогласи за невина поради ментална неурамнотеженост. Според законот, постоењето на разумен сомнеж наложува донесување одлука за невиност. Десронвил ги негира овие тврдења и инсистира дека имало „доволно докази оти таа точно знаела што прави“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK