Шерон Стоун продолжува да привлекува внимание; иако е во седмата деценија од животот, нејзиниот шарм и елеганција остануваат ненадминати.
Актерката Шерон Стоун (68) изгледаше беспрекорно стилски во кафеав миди-фустан и сатенски капут на настанот организиран од Audemars Piguet x Vogue. Својот есенски изглед го надополни со црвени кадифени чевли, кафеава чанта и сребрен ѓердан.
Sharon Stone, 68, turns heads in an elegant ensemble at Vogue event as she’s seen for the first time since revealing she is celibate. https://t.co/kTqqYMAY4m https://t.co/6D6oaMXZMB
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) September 16, 2026
Забавата беше организирана по повод претставувањето на долгоочекуваниот часовник „Royal Oak Serena Williams“ во ограничена серија.
Ова беше прво јавно појавување на Шерон откако ги изненади сите со изјавата дека веќе „прилично долго време“ апстинира од сексуални односи.
Гостувајќи во подкастот Breakdown на Мајим Биалик, актерката изјави дека престанала да бара површни врски бидејќи сега сака животен партнер, а не некој чија единствена цел е секс.
Ѕвездата на филмот Basic Instinct исто така призна дека не верува оти некогаш ја пронашла големата љубов на својот живот, иако двапати била во брак.
View this post on Instagram
„Навистина сум добра партнерка во врска, но веќе подолго време не сум ничија девојка. Сум била во врска и со лоши и со добри мажи. Сум имала и среќа и несреќа, а имало периоди кога воопшто немав среќа. А еве, веќе прилично долго време немам никаква среќа.“