Актерката Дакота Џонсон и музичарот Машин Ган Кели поттикнаа гласини за врска, а веста се прошири низ медиумите.
Веста дека Дакота Џонсон и Машин Ган Кели се во врска за многумина беше изненадување, а се се случи на 12 септември. Според извештаите на меѓународните медиуми, потенцијалниот пар тој ден бил забележан во Њујорк, пред зграда во која се наоѓа стан во сопственост на популарната пејачка Тејлор Свифт.
Дакота и Машин Ган Кели биле гости на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси, а се верува дека токму тој настан ја разгорел искрата меѓу славните ѕвезди.
Dakota Johnson and Machine Gun Kelly spotted out together in New York City https://t.co/a4Uj6wxFLy https://t.co/GoxlhZosLZ
— New York Post (@nypost) September 13, 2026
Фотографиите беа објавени од TMZ и набрзо се појавија на социјалните мрежи. На платформата X се појавија снимки на кои се гледа како актерката и славниот музичар излегуваат од возило и влегуваат во зградата каде што Свифт поседува луксузен стан.
Според порталот DeuxMoi, парот поминал неколку часа во станот. Ниту претставниците на славната актерка, ниту тимот на Машин Ган Кели не ги коментираа овие извештаи.
https://t.co/NdxtJRMMNK https://t.co/PsxzfVJufO
— deuxmoi (@deuxmoiworld) September 13, 2026
Вреди да се напомене дека Дакота пред неколку месеци ја прекина долгогодишната врска со Крис Мартин, додека Машин Ган Кели имаше бурна врска со актерката Меган Фокс.
Судејќи според овие информации, тој можеби конечно го затворил тоа поглавје од својот живот.