Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ реагираат откако претходно СДСМ обвини дека Мицкоски, шефот на бандата ВМРО, како што го нарекуваат, не престанува со навредување на народот.
„СДС го проби дното и ги нарече граѓаните идиоти во официјалнo соопштение од партијата“, реагираат од владејачката партија.
Наместо, како што истакнуваат, да покажат почит кон луѓето од кои бараат доверба, тие продолжуваат со навреди, потценување и арогантен однос кон сопствениот народ.
Прашуваат дали во СДС има кормирал, каде оди СДС со ваков однос кон граѓаните.
„СДС продолжуваат со потценување, навреди и арогантен однос кон граѓаните и токму поради тоа исчезнуваат од политичката мапа во државата.
На СДС им смета се, им сметаат прослави за независноста, им смета напредок им смета развој а сега го пробија дното и ги нарекоа граѓаните идиоти. СДС единствено што знае е да ликува на неуспех.
Граѓаните гледаат, паметат и знаат да проценат кој ги почитува, а кој ги потценува.
Затоа СДС е на маргините на политичкиот спектар“.