(Видео) Стефан Спироски со Прва награда од жирито и најдобар сценски настап на „Охрид Фест 2026“


photo-output.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Стефан Спироски освои две значајни признанија на „Охрид Фест – Интернационална вечер“ – Прва награда од стручното жири и Награда за најдобар сценски настап.


На фестивалската сцена тој ја претстави песната „Дури постојам“, која ја подготвувал уште пред заминувањето на големиот македонски композитор Кире Костов.

„За мене беше огромна чест, но и голема одговорност да ја изведам последната композиција на еден таков великан. Песната има посебна тежина за мене и среќен сум што премиерата се случи токму на ‘Охрид Фест’“, вели Спироски.

Тој упатува голема благодарност и до Огнен Неделковски, авторот на текстот, кој, како што вели, ѝ дал посебна емоција на песната.

За освоената награда за најдобар сценски настап, Спироски посебно го истакнува придонесот на Studio BAH од Струга.

„Пресреќен сум и горд на двете награди. За сценскиот настап огромен придонес има Studio BAH од Струга, со кои заедно направивме нешто на кое навистина сум горд. Ова за мене е голема мотивација и продолжувам активно да работам на нова музика и проекти.“

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK