Ливерпул одби 90 милиони од Сити за Гакпо


depositphotos_835815278_l.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ливерпул ја одби понудата на Манчестер Сити за Коди Гакпо. Холанѓанецот ќе остане на „Енфилд“, бидејќи клубот не успеа во намерата да го донесе Исмаила Сар од Кристал Палас.


Гакпо, по саботниот натпревар со Нотингем Форест, ги известил клупските челници дека сака да се пресели во Манчестер Сити.

Клубот од „Етихад“, направи конкретен чекор, понуди сума од 90 милиони евра, со вклучени бонуси. Сепак понудата, Ливерпул, ја одби.

Одлуката Ливерпул ја донесе откако Кристал Палас одби 58 милиони евра за Исмаила Сар.

Гакпо пристигна во Ливерпул во јануари 2023 година, во кој период одигра 182 натпревари за „Црвените“ и постигна 51 гол со 21 асистенција. Тој го продолжи договорот со Ливерпул на претпоследниот ден од минатогодишниот летен преоден рок.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK