Србин фатен со дупло поголема брзина од дозволената,по еден месец пак го повторил делото


policija-radar-tetovo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српски државјанин е лишен од слобода на граничниот премин Табановце, откако полицијата утврдила дека во два наврати летово бил регистриран како сторител на кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.


Како што информира МВР, вчера (29.08.2026) во 23:20 часот, на излез од државата, полициски службеници го лишиле од слобода Д.П. (34) од Република Србија. При проверка на возило „Шкода“ со српски национални ознаки, преку системот „Безбеден град“ било констатирано дека тој двапати бил евидентиран за истото кривично дело.

Првиот случај бил регистриран на 22 јули, во 13:42 часот, на автопатот А1 во близина на Демир Капија, кога возел со 163 километри на час, иако дозволената брзина на делницата е 80 километри на час.

Само еден месец подоцна, на 20 август, во 19:40 часот, на истата делница повторно бил регистриран како вози со недозволено висока брзина – 169 километри на час, при ограничување од 80 километри на час.

Д.П. бил спроведен во Полициската станица од општа надлежност Неготино за понатамошна постапка. Од МВР информираат дека за случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Од Министерството за внатрешни работи повторно апелираат до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и ограничувањата на брзината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK