Планот на Енцо Мареска е блиску до реализација, Енцо Фернандез е на добар пат да се пресели во Манчестер Сити.
Како што утрово објави фудбалскиот инсајдер Фабрицио Романо, аргентинскиот играч од средниот ред постигнал договор со Сити преку своите менаџери за лични услови за соработка и сега на Сити му останува најтешкиот дел од работата, да го договори обесштетувањето за играчот на Челзи.
Челниците на „сините“ не се откажуваат од обештетување во износ од 140.000.000 евра. Во изминатиот период Челзи одби понуди од 100.000.000 и 120.000.000 евра.
Во Челзи не кренаа премногу врева за ситуацијата со Фернандез, а Чаби Алонсо по триумфот над Лутон Таун во Лига купот изјави дека Аргентинецот се однесувал одговорно и професионално, но дека не го користел во тој натпревар затоа што „му требаат играчи кои се чувствуваат подготвени“.
Според сегашните претпоставки, Енцо ќе го пропушти и неделниот натпревар со Брајтон на „Стемфорд Бриџ“.
Енцо Фернандез беше голема желба на Енцо Мареска цело лето, тие создадоа добра врска за време на нивната заедничка соработка во Челзи и сега италијанскиот стручњак сака да ја продолжи на „Етихад“.
Сити, да потсетиме, влезе во преоден период ова лето по десетгодишниот престој на Пеп Гвардиола и неговото заминување од тренерската позиција на крајот од минатата сезона.
Средниот ред доживеа драстични промени бидејќи Родри, Тижани Рејндерс, Бернардо Силва и Нико Гонзалез го напуштија клубот, а младите Елиот Андерсон и Ајуб Буади пристигнаа за вкупно 230.000.000 евра, додека трансферот на Енцо би вредел уште 140.000.000 евра, без плати и евентуални бонуси.
Доколку трансферот се реализира, трошоците на Сити ова лето за засилувања ќе достигнат над 400.000.000 евра.
Foto/ Depositphotos