Кејн би можел да се пензионира во Баерн


depositphotos_689584282_xl.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Баерн Минхен ја започнаа сезоната на импресивен начин, по освојувањето на германскиот Суперкуп, во Бундеслигата започнаа со стил, убедливо победувајќи го Штутгарт со 5:1.


Хари Кејн не постигна гол на натпреварот одигран во петокот навечер, но неговата изјава дадена по натпреварот ги израдува навивачите.

„Разговорите околу новиот договор започнаа минатата недела. Но, ова не е нешто што може да се заврши за една или две недели. Станува збор за детали. Имам 33 години, па ова веројатно ќе биде мојот последен договор – барем мојот последен голем договор. Сè изгледа прилично добро“, рече Англичанецот. Инаку, неговиот актуелен договор истекува на 30 јуни следната година.

Foto/ Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK