Бројот на жртви од катастрофалните поплави во Непал надмина 500, но официјалните институции објавуваат различни бројки.
Непалската агенција за управување со катастрофи го наведува бројот на жртви на 538, додека полицијата вели дека се пронајдени 547 тела. Сè уште не е јасно која бројка е најновата и конечна.
Службата за управување со катастрофи, исто така, објави дека 977 лица сè уште се водат како исчезнати, вклучувајќи 517 странски државјани.
Непалскиот туристички одбор наведува дека досега се спасени 121 странски државјанин, вклучувајќи двајца Американци.
Црвениот крст објави дека најмалку 93.000 луѓе се погодени од катастрофалните поплави и им е потребна помош.
„Секако дека сме многу загрижени за можноста за секундарни поплави“, рече Дејвид Фишер од Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвената полумесечина во Непал.
Тој додаде дека камионите за хуманитарна помош на Црвениот крст биле блокирани откако езерото формирано зад природната брана почнало да се прелева.
фото/ЕПА