Чадот во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, извести Ангелов


helikopter-mkd.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Мирисот на чад којшто се чувствува во некои делови во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден, некаде во атарот на село Бојане, пожар којшто од тетовска страна, сега полека се префрла кон скопската страна, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.


Пожарот е на тешко пристапен терен, а на негово гаснење работат пожарникарите од Тетово, како поддршка на скопските пожарникари, кажа Ангелов и додаде дека очекува во попладневните часови да биде воспоставена контрола врз пожарот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK