Мајка пријавила во полиција дека негувателка ја повредила нејзината ќерка во градинка во Хром.
Според информациите на МВР, вчера 36-годишна жена пријавила дека на 14 август, откако ја зела нејзината петгодишна ќерка од градинка на подрачјето на населбата Хром, таа ѝ кажала дека била удрена од негувателка, односно дека ја стиснала за ногата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos