Себастијан Покоњоли е новиот селектор на шкотската фудбалска репрезентација. Белгиецот го наследи Стив Кларк, кој, иако го продолжи договорот пред Светското првенство, се пензионираше по елиминацијата во првата фаза од Мундијалот.
Себастијан Покоњоли потпиша двегодишен договор со Шкотската фудбалска асоцијација.
39-годишникот беше тренер на Монако минатата сезона, а годината пред тоа му ја донесе на Унион Сен-Жилоа првата титула во 90-годишната историја на клубот.
Покоњоли е вториот странец на клупата на Шкотска, пред него довербата му беше дадена на Германецот Берти Фогст.
За време на својата кариера како играч, Покоњоли го носеше дресот на Вест Бромвич и Брајтон. Професионално играше 17 години во Англија, Германија, Холандија и Белгија. Одигра 13 натпревари за белгиската репрезентација.
Тренерската кариера ја започна во јуниорските категории на Унион Сен-Жилоа, а во 2024 година го презеде првиот тим со кој веднаш го освои Белгискиот Суперкуп, а потоа и првата титула од 1935 година.
После тоа, тој отиде во Монако, каде што ја заврши сезоната на седмото место, а кога ја напушти клупата во јуни, објави дека „ќе пристапи кон следната работа мирно и посветено“.
Сега има две години да се докаже.
Foto/ Depositphotos