Температурата денеска до 38 степени, утре пороен дожд, грмежи и засилен ветер


sonce.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени.


Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK