Хрватската служба за спасување започна потрага во областа Омиш за странец кој се оддалечил од возило за време на големиот пожар.
„Во моментов на местото на настанот се наоѓаат околу 20 припадници на Хрватската служба за спасување Сплит, кои обезбедуваат логистичка поддршка на Штабот за цивилна заштита и други сили. Областа околу возилото од кое странската државјанка се оддалечила и исчезнала ќе биде темелно испитана“, изјави портпаролот на служвата за хрватски Индекс.
Потрагата е фокусирана на областа околу локацијата каде што се наоѓало возилото пред жената да се оддалечи.
Жената е државјанка на Босна и Херцеговина, а во автомобилот имало три лица, од кои едно е тешко повредено.
Драгана Антешевиќ е висока 165 сантиметри, со средна градба, црна коса и кафеави очи. Таа беше пријавена за исчезната откако пожарот што го зафати подрачјето на Омиш во ноќта на 13 август стигна до Станиќи.