МВР: Бебе паднало на асфалт откако мајката ја превртела количката, пријава против двајцата родители


Depositphotos_690778116_XL.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

СВР Тетово поднесе кривична пријава против В.М. (42) од Прилеп и Б.С. (37) од село во Општина Желино поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело запуштање и малтретирање на дете.


Според информациите од полицијата, на 14 јуни во Тетово, второпријавениот, кој бил под дејство на алкохол, ја напуштил првопријавената на улица со нивното тримесечно бебе.

Потоа, првопријавената ја превртела количката, при што бебето паднало на асфалтот.

СВР Тетово по целосно документирање на случајот поднело кривична пријава против двајцата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK