Таман човек ќе помисли дека Социјалдемократскиот сојуз го допреле дното, тие повторно покажуваат само едно, дека се бунар без дно. Овој пат отидоа до таму со своите лаги и ширење паника меѓу граѓаните велејќи дека водата во Скопје е небезбедна за пиење, изјави на прес-конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Оваа информација не е само гола политичка критика, туку опасна дезинформација. И сето ова го прават очигледно за политички поени, бидејќи ваква неточна, непроверена информација не само што создава паника, туку во крајна линија може да влијае на здравјето на граѓаните.
СДС и нивниот моментален претседател Венко Филипче кој со својот ментор и партиски другар Зоран Заев се шета по Егејот треба да се смири и да не се однесува како сонцето да му удрило во глава и да дава вакви насоки за вакво ширење паника.
Дополнително, овој обид за дезинформирање на граѓаните и ширење паника покажува само едно дека СДС веќе не знае ни каде удира. Кога немаат што да понудат, останува само политичкото дно, а тоа кај СДС очигледно нема крај.
Надлежните државни институции веднаш реагираа демантирајќи ги со факти, а реагираше и обвинителството. Сепак се очекува исход од истрагата бидејќи вакви дезинформации се опасни. Се очекува деновиве добра вест и од Гостивар дека водата е квалитетна за пиење.
За жал, во оваа држава СДС како опозициска партија почнува да делува и опасно за граѓаните. СДС и актуелното раководство со своите вакви постапки покажува само дека е талогот на Македонија“, рече Петрушевски.