Полицијата во Кавадарци, вчера го приведе П.М.(27) од овој град, затоа што пред градски базен го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување, не ги почитувал наредбите на полициските службеници и при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана и ризли, соопшти МВР.
По преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека П.М. бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,89 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.