Полицијата приведе повеќе лица за насилство врз сопруги и родители


depresija-semejno-nasilstvo-depositphotos_381371256_l.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во изминатите денови во Скопје, Велес, Битола, Тетово и Кичево биле пријавени повеќе случаи на семејно насилство, при што биле пријавени физички напади и закани меѓу членови на семејства.


Во Тетово, на 9 август во СВР Тетово сам се пријавил Џ.Ш. (24) од Тетово, откако претходно неговата 26-годишна поранешна сопруга пријавила дека подолг период ѝ упатувал закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство преку социјална мрежа. Таа пријавила и дека на 6 август околу 21 часот ја следел и снимал за време на семејна прослава во угостителски објект. Џ.Ш. бил задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а против него ќе следува соодветен поднесок.

Во Велес, 45-годишна жена пријавила дека во домот таа и нејзиниот сопруг биле физички нападнати од нејзиниот татко В.Џ. и братот А.Џ., при што бил употребен и дрвен предмет. Предметот бил пронајден и одземен, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Во Велес, полицијата на 10 август го лишила од слобода А.П. (39) од Велес, по претходна пријава дека физички ја нападнал својата 32-годишна невенчана сопруга. При проверките било утврдено дека бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,26 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица, а бил известен и јавен обвинител.

Во Битола, полицијата на 10 август го лишила од слобода Ј.Т. (31), бидејќи во семејниот дом физички го нападнал својот 71-годишен татко.

Исто така во Битола, на 9 август бил лишен од слобода С.Ј. (41), по пријава дека физички ја нападнал својата 26-годишна сопруга.

Во Скопје, 31-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на општина Аеродром со тврд предмет била нападната од сопругот А.К. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Исто така во Скопје, 45-годишна жена пријавила дека во домот во скопско со тврд предмет била нападната од сопругот Џ.М. И во овој случај полицијата презема мерки за расчистување.

Во Кичево, полицијата на 9 август го лишила од слобода О.П. (48), по пријава дека околу полноќ во семејниот дом ја нападнал својата 50-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет.

Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK