Ограбена канцеларијата на директорот на ЈКП „Сарај“, украдени се пари


lenta-policiska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на изминатиот викенд била ограбена канцеларијата на директорот на Јавното комунално претпријатие „Сарај“.


Според информациите на МВР, вчера И.Х.(41) – директор на ЈКП Сарај, пријавил во полиција дека во периодот од 16:30 часот на 31 јули до 06:40 часот на 04 август, во неговата канцеларија која е сместена во објектот на општината, со употреба на сила била отворена влезната врата од канцеларијата и фиока од негово работно биро, при што се украдени пари од прометот на ЈКП Сарај.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK