Мисајловски: Илинден е темелот врз кој е изградена современата македонска држава


misajlovski-1.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитка по повод 2 Август – Илинден.


Во честитката, Мисајловски порача дека Илинден е нашиот најголем празник и најсветлиот датум во националната историја нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината.

„Илинден е темелот врз кој е изградена современата македонска држава. Од херојството на илинденците и визијата со која беше издигната Крушевската Република, преку државотворните одлуки на АСНОМ до денес, се протега една иста идеја – Македонија да биде слободна, суверена и независна држава.

Таа идеја живее и денес во секој од нас, затоа што слободата и мирот што ги уживаме се платени со жртвата на нашите предци. Денешниот празник нè обврзува да ги чуваме вредностите на единството, солидарноста, слободата и меѓусебното почитување, градејќи општество во кое секој граѓанин ќе има можност достоинствено да живее и да придонесува за заедничката иднина.

Во духот на славното илинденско наследство, да продолжиме со мудрост, единство и решителност да ја градиме Македонија како држава на мирот, демократијата, просперитетот и надежта за идните поколенија.

Нека илинденскиот пламен секогаш ни го осветлува патот кон единство, напредок и мир.

Нека ни е честит 2 Август – Илинден!

Нека ни е вечна Македонија!“, напиша Мисајловски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK