Македонија го одбележува Илинден – 123 години од Востанието и 82 години од АСНОМ


makedonija-илинден.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонија денеска го одбележува 2 Август – Илинден, еден од најзначајните датуми во македонската историја. Годинава се навршуваат 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ.


Централната прослава традиционално ќе се одржи во Крушево. Чествувањето ќе започне со положување цвеќе на гробот на Никола Карев и на споменикот на хероите на „Слива“, по што ќе биде одржана панихида во храмот „Свети Никола“. На Мечкин Камен ќе се одржи централната свеченост, на која ќе се обрати потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, а предвидена е и културно-уметничка програма со настап на ансамблот „Танец“.

Свечености по повод празникот ќе има и во Пелинце, каде што ќе се одбележи годишнината од Првото заседание на АСНОМ. Таму е најавено обраќање на премиерот Христијан Мицкоски. Во Скопје, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе положи цвеќе пред спомениците на Никола Карев, АСНОМ и Методија Андонов-Ченто, а ќе се обрати и на свеченоста на Плоштад Македонија.

Илинденското востание започна на 2 август 1903 година, кога во Крушево беше прогласена Крушевската Република – првата република на Балканот, која траеше десет дена. Четириесет и една година подоцна, на истиот датум, беше одржано Првото заседание на АСНОМ, на кое беа поставени темелите на современата македонска државност, а македонскиот јазик беше утврден како службен јазик на државата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK