Дрво паднало врз 86-годишна жена во скопски Карпош: со тешки повреди е пренесена во болница


1692196338_brza-pomosh.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во СВР Скопје синоќа во 20:25 часот било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје.


Жената била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Исто така, граѓанин пријавил дека, додека ја барал чантата на повредената, пронашол експлозивна направа, која подоцна била подигната од местото за понатамошна постапка.

Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот, соопшти полицијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK