СДСМ: Не само морална одговорност – туку кривична за целата криминална структура ВМРО


sdsm-zgrada-1-366121.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Очекувањето на премиерот Христијан Мицоски морална одгворност да понесе целата локална самоуправа во Гостивар откога 3.100 лица се пожалија на стомачни проблеми, СДСМ го протолкува како  уште еден обид за бегство од одговорност.


„Морална, а не кривична одговорност бара човекот кој знае дека прв би требало да одговара токму тој. Не може да се крие дека министерот за здравство и Министерството за здравство имаат директна одговорност за труењето во Гостивар од толку голем обем. Информацијата за труењето и загаденоста на водата се криеше 5 дена, системот, надлежните институции не реагираа навреме.  Но, ова не е само случај на лошо управување. Ова е дел од пошироката слика – отсуство на реформи во секоја област, особено во правосудството и целосна контрола врз институциите.

Затоа и нема реформи. Затоа што Мицкоски не сака независно судство и обвинителство“ преку соопштение реагираше СДСМ

Од партијата сметаат дека Мицкоски сака да може преку собраниска говорница, медиуми и телефон да нарача политички пресметки. Затоа, како што велат одСДСМ,  Европската унија враќа закони, а Европската комисија во извештаите ја опишува катастрофалната состојба во судството и обвинителството.

„Затоа Мицкоски зборува само за морална, а не за кривична одговорност.  Затоа што добро знае дека ако се отвори прашањето за кривична одговорност, прв на ред ќе биде тој, а потоа и целата негова Влада заедно со партнерите од тендер-коалицијата. Сите тие знаат каде завршуваат – во Шутка и Идризово“, соопшти СДСМ.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK