Вчера во СВР Велес е пријавено дека во 09:20 часот, на улица „Благој Ѓорев“ во Велес, патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(41) од село Горно Јаболчиште, општина Чашка, удрило во 76-годишната Љ.Н. од Велес.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., констатирани во Општа болница Велес. По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес.