СДСМ: Нема што да усогласуваме со Левица


sdsm-stab-6-Custom-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Левица соопшти дека ја одложила координативната средба за Изборниот законик поради отсуство на претставник од СДСМ. Ова е очекувана реакција од партија која се обидува да создаде привид на опозициско единство, додека во реалноста ја турка агендата на Христијан Мицкоски, велат од СДСМ.


„Позицијата на СДСМ по прашањето на Изборниот законик е јасна и недвосмислена. Нема што да се усогласува со Левица. Ние нема да прифатиме предлози кои отвораат простор за изборна кражба, особено кога станува збор за гласањето на дијаспората и за модели кои фаворизираат една партија на сметка на фер и транспарентни избори. Левица, како сателитска партија на ВМРО, нема легитимитет да ја претставува опозицијата ниту да ја диктира агендата. Нивната улога во изминатиот период е повеќе од јасна, да создаваат притисок врз СДСМ да прифати решенија кои се во интерес на Мицкоски, а не во интерес на фер избори. СДСМ нема да учествува во какви било координации чија цел е да се прикрие вистинскиот проблем: криминална група ВМРО сака Изборен законик со кој ќе може да ги контролира и да ги манипулира резултатите. Нашата позиција е јасна: Изборниот законик мора да гарантира фер, транспарентни и фер избори. Сè друго е обид за изборен инженеринг“, пишува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK