НЛБ Банка ја модернизираше експозитурата на локацијата „Собрание“


sobranie 9
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како дел од својата стратешка определба за континуирано унапредување на клиентското искуство и развој на современа банкарска инфраструктура, НЛБ Банка ја отвори целосно обновената експозитура во близина на  Собранието во Скопје –  уште еден во низата банкарски објекти со модерен ентериер, професионален консалтинг и технолошки решенија за побрзо и поедноставно банкарско искуство.

Лоцирана на истата адреса, на ул. „Градски ѕид“, блок 2, реновираната експозитура се простира на површина од 140м2 и претставува современ деловен простор, насочен кон обезбедување напредно дигитално клиентско искуство. Досегашното благајничко работење на експозитурата е заменето со безготовинско работење, додека уплатата и исплатата на готовина, плаќањето режиски трошоци и останатите банкарски трансакции се реализираат преку 24/7 самоуслужната зона, опремена со два банкомати за уплата и исплата на готовина.


Во експозитурата е достапна и CDS машина (Cash Deposit System) која им овозможува на правните лица брзо и едноставно депонирање готовина, во согласност со потребите на современото деловно работење.

Покрај дигиталните и самоуслужните решенија, експозитурата располага и со интерактивни зони за професионален консалтинг со банкарски експерти, насочен кон финансиско советување, кредитирање, лично банкарство и избор на соодветни банкарски и небанкарски продукти. Во експозитурата е обезбедена и поддршка од лице кое ги пречекува клиентите, ги насочува кон соодветната услуга и им помага во полесно користење на достапните дигитални и самоуслужни решенија.

Ова реновирање е дел од пошироката стратегија за модернизација на продажната мрежа на Банката, водена од забрзаната технологија и сè поголемата побарувачка на дигитални решенија од страна на клиентите чии приоритети стануваат самостојно, симплифицирано, брзо, лесно, а сепак безбедно банкарско работење. Воедно, концептот на модернизација на мрежата на експозитури на НЛБ Банка ја следи групациската стратегија за одржливо финансиско работење, која во еден сегмент подразбира и автоматизација на процесите и намалување на употребата на хартија или целосно безхартиено банкарско работење онаму каде што е тоа возможно.

Експозитурата го задржува досегашното работно време и истата ќе работи од 08:00 до 16:00 часот, од понеделник до петок.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK