Само горива што ги исполнуваат пропишаните стандарди ќе можат да се пласираат на пазарот, по 19 години нова Уредба за квалитетот на горивата


Откако извиси за Кепа, Баерн тргна по голманот на Севилја
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По речиси 19 години примена на Правилникот за квалитет на течните горива, стапи во сила новата Уредба за квалитет на течните горива, со која се воспоставуваат прецизни стандарди за квалитет на течните горива, поголема сигурност за потрошувачите, фер услови за компаниите и поуреден домашен пазар, информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.


Со новата Уредба се воспоставуваат јасни и современи правила за тоа какви течни горива можат да се пласираат на домашниот пазар, како се утврдува нивниот квалитет и како ќе се следи неговото почитување.

„За граѓаните, ова значи поголема сигурност дека горивата што ги користат ќе ги исполнуваат пропишаните стандарди за квалитет, а преку јасно утврдени правила и механизми за контрола дополнително се зајакнува заштитата на потрошувачите“, велат од Министерството.

Со Уредбата детално се уредуваат видовите и карактеристиките на течни горива што можат да се пласираат на пазарот, начинот на утврдување на квалитетот, постапката за следење на квалитетот, како и обврските на сите учесници на пазарот на сурова нафта, нафтени деривати и горива за транспорт.

Особено значајно, велат од Министерството, е што новата регулатива воспоставува еднакви правила за сите учесници на пазарот, со што се намалува просторот за злоупотреби и нелојална конкуренција. На тој начин компаниите што работат согласно законските прописи добиваат пофер и попредвидливо деловно окружување.

Дополнително, примената на повисоки стандарди за квалитет на течните горива ќе придонесе и за намалување на штетните емисии во животната средина, што претставува важен чекор кон почиста животна средина и поодржлив енергетски сектор.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, истакна дека донесувањето на новата Уредба претставува уште една значајна реформа со која Министерството воведува современи правила и воспоставува повисоки стандарди во секторот.

„По речиси 19 години ја заменуваме застарената регулатива со нова Уредба која носи јасни правила и стандарди. Нашата цел е граѓаните да имаат поголема сигурност во квалитетот на горивата што ги користат, компаниите што работат законски да бидат заштитени од нелојална конкуренција, а пазарот да функционира по јасни и еднакви правила. Ова е воспоставување ред. Така ги штитиме граѓаните, го штитиме чесното стопанство и градиме модерен и доверлив енергетски сектор “, изјави министерката Божиновска.

 

фото/Depositphotos

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK