Комплетирани се четвртфиналните двојки на Мундијалот


14134235.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Четвртфиналето на Светското првенство започнува на 9 јули и носи четири врвни дуели.


Програмата се отвора со реприза на полуфиналето од Катар 2022, во Фоксборо, помеѓу Франција и Мароко (9 јули, 22 часот). Ден подоцна, во Лос Анџелес, ќе се соочат Шпанија и Белгија (21 часот).

Во третото четвртфинале, Англија ќе се соочи со норвешките „Викинзи“ (11 јули, 23 часот), на стадионот во Мајами. А рундата ќе биде заокружена, во Канзас Сити, со дуелот помеѓу Аргентина и Швајцарија (12 јули, 15 часот).

Меѓу осумте најдобри се најсилните репрезентации на турнирот, како и водечките стрелци, па се очекува четвртфиналето да донесе некои од највозбудливите натпревари на првенството.

Победниците ќе се пласираат во полуфиналето, додека финалето ќе се игра на 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK